Потребни состојки:
1 кг. тенки кори
500 гр. мелени ореви
300 гр. ситно сецкани суви смокви
300 гр. суво грозје
1 кг. шеќер
1 литар вода
Сок од ½ лимон
Масло за јадење
Припрема:
Во подмачкана тава за печење ставете три кори, попрскајте ги со малку масло, па посипете малку ореви, сецкани смокви и суво грозје, па ставете две кори, па повторно ореви, смокви и грозје. Постапката повторувајте ја се додека не ви останат три кори со кои ќе ја покриете баклавата.
Баклавата исечете ја на коцки и печете на температура од 200 степени околу 40тина минути, односно не дури не добие златно жолта боја.
Во меѓувреме во тенџере на оган ставете ја водата, па додадете го шеќерот и оставете го да се растопи. Потоа тргнете го тенџерето од оган и додадете го сокот од лимон. Штом ќе ја извадите баклавата од рерна, посипете ја со шербетот и оставете да остои барем три часа пред послужување. Добар апетит!