Идеален десерт за постудените денови.
Со малку волја и време можете да подготвите совршено костен пире многу повкусно од купената верзија.
Потребни намирници – 400 грама костени, 2 лажици шеќер, 40 мл рум, 10 мл арома од ванила, шлаг 200 мл.
Подготовка
Во лонец ставаме 100 мл вода во која додаваме 2 лажици шеќер, штом добиеме полуредок сируп го додаваме румот, аромата од ванила и вариме уште две три минутки со мешање. Лончето го тргаме на страна за смесата да се олади.
Сварените костени ги лупиме и потоа ги толчиме. Потоа ги полеваме со сирупот. Таквото костен пире го ставаме во чашки за сладолед и врз него додаваме шлаг и украсуваме со чоколадни трошки.