Состојки:
4 тиквички
2 млади компири
200 мл јогурт
60 г рендан пармезан
150 г чаден кашкавал
малку маслиново масло
магдонос
3-4 чешниња лук
сол и црн пипер
доматен сос по желба.
Приготвување:
Измијте ги убаво тиквичките, исечете ги на тенки листови или на тенки кругови, и ставете ги во врела посолена вода да се сварат само 30-на секунди. Извадете ги и исцедете ги од водата.
Тавчето за печење премачкајте го со маслиново масло. Потоа, почнете да ги редите тиквичките – ред тиквички, ред јогурт и ситно исечкан димен кашкавал, ситно исечканото лукче и магдонос, изренданиот (претходно сварен) млад компир. Повторно, врз нив, ред тиквички и останатите намирници. Редете едно врз друго додека имате од материјалот за готвење.
Сосема на крајот ставете го изренданиот пармезан, па зачинете по желба и додадете по желба доматен сос.
Тавчето ставете да се пече 20-на минути во претходно загреана рерна, на температура од 200 степени, се додека пармезанот сосема не се расопи и горниот дел стане малку крцкав.
Сервирајте ја вкусната тава со тиквички со препечен леб.