Потребни состојки:
12 големи свежи шампињони
2 пилешки стека
300 гр. путер
100 гр. овесни снегулки
5 феферонки
1 лажичка црвен пипер
300 гр. млечен намаз
200 гр. козјо сирење
Сол и црн пипер
2 лажици пармезан
2 чешниња лук
Припрема:
Од печурките отстранете ги стеблата и наредете ги во тава за печење на која претходно сте ставиле хартија за печење.
Пилешкото месо може да го сварите или да го испржите. Во посебен сад ставете го свареното или испрженото пилешко месо, кое претходно сте го исецкале на коцки. Потоа додајте го изренданото козјо сирење, ситно исецканите чешниња лук кои претходно сте ги пропржиле, млечниот намаз, ситно исецканите феферонки и овесните снегулки. Дојдајте го мелениот црвен пипер и наросете сол и бибер.
Мешајте ја смесата се додека не се соедини. Потоа долниот дел од секоја печурка исполнете го со 2 лажици од претходно поготвената смеса, па врз тоа додадете путер.
Тавата со печурките ставете ја да се пече прекриена со алуминиумска фолија околу 10 минути на температура од 20 степени целзиусови. Потоа отстранете ја фолијата и наросете го пармезанот. Оставете ги печурките да се печат уште 10 минути, па потоа извадете ги од рерна и послужете ги на чинија за сервирање.