Состојки:
10-12 средни листови блитва
200 г интегрален ориз
2 поголеми моркови
1 пашканат
1 помал целер
3 чешниња лук
1 кромид
маслиново масло
сол, бибер
Приготвување:
Додека го варите оризот, измијте ги листовите блитва и попарете ги со врела вода за да омекнат.
На маслиново масло пропржете го исечканиот кромид и додадете го сварениот ориз. Морковите, пашканатот, целерот и лукот исечкајте ги на коцкички, послете ги, прелијте со маслиново масло, измешајте и распоредете ги во тепсијата врз хартија за печење. Во загреана рерна, печете го зеленчукот на 200°C околу 15 минути, со повремено мешање. Потоа зеленчукот додадете го во оризот, соединете го филот и зачинете по желба.
На листовите блитва ставајте по една лажица фил, свиткајте ги сармичките и редете ги во огноотпорен сад. Прелејте со вода до половина од сармичките и печете ги под фолија на 200°C околу половина час.