Состојки:
2 лажици маслиново масло
1 мал кромид
1 чешне лук
50 гр. путер
2 лажици брашно
300 мл. млеко
200 мл. пилешка супа
рендано морско оревче
свежо мелен бел бибер
прстофат сол
грст свеж магдонос
500г. готово тесто
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
2. Во тава сипете го маслиновото масло и пржете го пилешкото, додека не стане бело.
3. Во тава додадете шампињони (исечени на четврини) и пржете додека пилешкото не зарумени.
4. Пилешкото и печурките извадете ги од тавата и додадете сецкан кромид и лук, а притоа пржете ги 2-3 минути. Потоа измешајте го лукот со пилешкото и печурките.
5. Истопете путер во масло, додадете брашно, мешајте и држете на оган 2-3 минути додека не се добие воедначена смеса.
6. Во чинија измешајте пилешка супа и млеко, додадете оревче, сол и бибер. Потоа измешајте со смесата од брашно и мешајте додека не се изедначи. Варете ја смесата на пареа додека не се згусне, со постојано мешање.
7. Прелејте го сосот преку печурките и пилешкото и сипете исецкани, свежи печурки. Оставете да се олади.
8. Готовото тесто ставете го во калап и рабовите премачкајте со јајце. Оставете да се олади.
9. Направете отвори на питата и ставете ги во рерна. Печете 20 до 25 минути.