Вкусни мафини кои имаат специфична арома од состојките, малку поинакви од оние што до сега ги имате јадено.
Потребно е:
500 мл кока-кола
120 гр какао
120 гр путер, на коцки
250 гр шеќер
100 гр кафеав шеќер
240 гр гр брашно
2 рамни лажички пециво
1 лажиче сол
2 јајца
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 160 целзиусови степени. Калапите за мафини обложете ги со хартиени корпи за мафини и намачкајте ги убаво со путер. Во мало тенџерче ставете ги кока колата, какаото и путерот да се растопат.
Кога ќе се соединат состојките, додадете го шеќерот и мешајте додека да се растопи. Тргнете од оган и оставете да се олади. Во сад на страна, изматете ги јајцата, лесно и додадете ги во оладената смеса со какао.
Многу е важно да не избрзувате и да ги ставите јајцата во врелата или неоладена смеса, затоа што така тие ќе станат кајгана во какао смесата. Измешајте ги сувите состојки (брашно, пециво, сол).
Полека додавајте го брашното во течната смеса, без премногу мешање, туку лесно. Смесата претурете ја во калапите и не ги преполнувајте.
Печете во загреаната рерна околу 20 минути, односно додека да бидат печени.
Декорирајте ги со шлаг или по желба.