Потребни состојки:
- Едно готово тесто за пита
- 100 милитри смеса за пудинг (со вкус од банана)
- 2 шолја млеко
- 3 шолји шлаг
- 2 банани, сечени
Подготовка:
Претходно загрејте ја рерната на 230 степени.
Ставете го тестото во сад и со вилушка направете дупчиња на површината. Ставете го садот во рерна и печете 10-12 минути.
Во голем сад измешајте ги пудингот од банана и млекото и со маталка мешајте додека смесата не стане густа. Додадете 2 шолји од шлагот во смесата од млеко и пудинг и продолжете да мешате додека повторно смесата не се изедначи.
Кога садот со тестото ќе се олади, наредете исечкана банана на површината. Потоа смесата од другиот сад префрлете ја во оној со тестото и убаво обликувајте ја. Со останатата шолја шлаг покријте ја смесата и оставете ја да се олади околу 3 часа.
Пријатен апетит!