Потребни состојки:
500гр мелено месо
2 праза
1 јајце
50гр презла
2-3 лажици маслиново масло
сол
бибер
сув зачин
За прелив:
2 јајца
150мл павлака за готвење
сол
Начин на подготовка:
Со малку маслиномо масло запржете го меленото месо. Додетете го исецканиот праз па зачинете по вкус со сол, бибер и сув зачин. Динстајте на тивок оган 7-8 минути. Отстранете ја смесата од огнот, додадете ја презлата и изматеното јајце. Сето тоа убаво соединете го, па префрлете го во ватростален сад кој претходно сте го подмачкале со малку путер или маргарин и попрскајте го со малку брашно.
Печете на 200 степени околу 20 минути. Изматете ги јајцата и павлаката за готвење, додадете сол по вкус, па полиете врз месото и уште малку печете.