Овој ароматичен деликатес ќе ве одведе директно на тропските краишта!
Состојки
За кората ви е потребно:
200 гр пишкоти
150 гр путер
За крем:
Кесичка желатин во прав
50 гр пишкоти
4 јајца
125 гр шеќер во прав
1,25 дл рум
2 кесички ванилин шеќер
100 гр сецкано чоколадо
100 гр суво грозје маринирано во рум
5 дл слатка павлака
За украсување:
2,5 дл слатка павлака
100 гр чоколаден прелив
30 мл ликер од бадеми
Подготовка
Кора: ставете ги пишкотите во кеса за замрзнување, изгмечете ги со сукало, ставете во чинија и измешајте со растопениот путер. Распоредете ја смесата по дното на тавата (дијаметар 22 см), кој сте го обложиле со хартија за печење, притиснете цврсто и оставете да се излади.
Крем: Растворете го желатинот според инструкциите на пакувањето. Исечете ги пишкотите на ленти. Јајцата, шеќерот во прав, румот и ванилиниот шеќер изматете ги пенасто на пареа. Додадете го желатинот. Тргнете од шпоретот и оладете со мешање. Штом кремот започне да се стега, додадете го чоколадото, сувото грозје маринирано во рум и лентите пишкоти. Изматете цврсто слатка павлака и додадете во смесата. Кремот ставете го во овална чинија (дијаметар 22 см) обложена со прозирна фолија, израмнете и оставете да се олади околу 3 часа. Внимателно додадете ја Рум-бомбата на тестото од пишкоти. Извадете ја фолијата. Изматете цврсто слатка павлака и премачкајте ја тортата од страна, а одозгора посипете со крупно рендано чоколадо.