Состојки
- 10 палачинки
- 200 гр. шунка
- 200 гр. рендан кашкавал
- 100 гр. моцарела
- 150 гр. доматно пире
- 200 гр. кисела павлака или крем сирење
- 3 јајца
Начин на подготовка
Направете смеса за палачинки и испечете 10 – 14 палачинки. Шунката исечкајте ја на мали парчиња. Секоја од палачинките намачкајте ја со павлака, потоа додадете ги моцарелата, шунката и доматното пире и свиткајте ја во ролна. Наредете ги палачинките во огноотпорен сад за печење, а кога ќе завршите со еден ред, наросете кашкавал.
Откако ќе ги наредите сите палачинки, изматете ги јајцата и додадете ги во павлаката. Со смесата прелијте ги палачинките. Печете во загреана рерна додека не добијат златна нијанса.