Подготовка:
Бисквит добиваме со тоа што, белките ќе ги изматиме со шеќер, додека не се згусне, додаваме жолчки, брашно и какао. Подготвената смеса ја печеме во кружен калап околу 25 см. Испечениот и оладен бисквит попрскајте го со рум и млеко.
Темен крем:
Шеќерот и водата варете го на тивок оган, изматете 2 белки и посебно 5 жолчки. Сирупот од шеќер полека додадете го во белките, а потоа и жолчките соединете ги со зашакерените белки. Оваа смеса помешајте ја со лажица, не со миксер. Оставете да се олади, па додадете слатка павлака и на крајот желатин. Оваа смеса ставете ја во кружен калап, со големина како и оној од бисквитот. Потоа оставете добро да се стегне и олади.
Светол крем:
Идентично како и за темниот крем, само што чоколадото е бело. И овој крем треба да стои во калап како и темната.
Двата крема кога ќе се стегнат, ставете ги на бисквитот, прво темниот, па светлиот. Растопете чоколадо со масло и со оваа глазура декорирајте ја тортата.
Состојки:
Бисквит:
- 3 јајца
- 7 лажици шеќер
- 7 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 5 лажици млеко со малку рум
Темен крем:
- 10 лажици шеќер
- 300мл вода
- 3 жолчки
- 2 јајца
- 200гр темно чоколадо
- 250мл слатка павлака
- 3 кесички желатин
Светол крем:
- 10 лажици шеќер
- 300мл вода
- 3 жолчки
- 2 јајца
- 200гр бело чоколадо
- 250мл слатка павлака
- 3 кесички желатин