Потребни состојки:
1 шоља суви брусници
1 шоља рендана чоколада за готвење
280 гр. брашно
150 гр. шеќер
1/2 лажица сол
1 јајце
2 лажици прашок за пециво
Цеден сок од 2 портокали
2 лажици прашок за пециво
Шеќер во прав
Подготовка:
Во голем сад ставете го брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот и промешајте, па додадете го маргаринот и замесете тесто. Во тестото додадете го сокот, јајцето, брусниците и брашното, па повторно замесете за да добиете хомогена смеса.
Во тестото додадете ја чоколадата и промешајте. Сипајте го тестото во калап намрсен со маргарин и печете на температура од 180 степени околу половина час. Откако колачот ќе се испече оставете го малку да се излади и посипете го со шеќер во прав.