Искористете ја магичната комбинација на бисквити и крем и за помалку од 20 минути ќе имате вкусни коцки кои ќе ви станат секојдневен ритуал.
Потребни состојки:
- 600g бисквити
- 1l млеко
- 6 големи лажици шеќер
- 2 пудинзи од ванила
- 2 лажици брашно
- 3 лажици густин
- 1 маргарин
- Ванилин шеќер
- 5 лажици Несквик
- 100g црно чоколадо
- 5-6 чоко банани
- 2 портокали
- ½ l слатка павлака
- 1 кремфикс
Подготовка:
Прво направете го кремот. Во млекото сварете ги шеќерот, густинот, брашното, пудингот и ванилиниот шеќер. Оставете да се олади, па поделете го на 3 дела.
Во еден дел додајте Несквик, во вториот сечкани крем банани, а во третиот додајте го чоколадото.
Во сокот од портокалите натопете ги бисквитите, па наредете ги во редови 5 х 4.
Над првиот слој бисквити ставете го кремот од Несквик, потоа повторно ред бисквити. Втор на ред е кремот од чоко банани, па кремот со стопено чоколадо.
На крај изматете ја хоплата со кремфикс и премачкајте со добиениот шлаг.
Колачот служете го по неколку часа ладење.