Рафаелo бомбиците се омилениот десерт на децата, но исто така и на возрасните членови на семејството. Затоа ви го претставуваме овој рецепт за совршен десерт, кој не содржи шеќер и исто така ќе биде идеален за оние кои се грижат за линијата на телото.
Потребни состојки:
- 120 гр свежо крем сирење
- 3 лажички стопено кокосово масло
- 3 лажички слатка павлака
- 1 дл лимонов сок
- 2 лажички стевија
- 7- 8 лажички кокосово брашно
- 1 прстофат сол
- рендана лимонова кора
Подготовка:
Во блендер измешајте го кокосовото масло и крем сирењето, додека не добиете мазна смеса. Во мешавината додадете ја слатката павлака, сокот од лимон, солта и стевиа. Додадете 2, 3 лажички кокос во прав, па повторно се убаво измешајте. Ставете ја смесата во фрижидер 30 минути, за да се зацврсти и биде лесна за формирање.
Бомбиците направете ги со дланките и извалкајте ги во кокосово брашно и изренданата кора од лимон.