ONE HOSPITAL- најсовремена медицинска опрема и врвен медицински кадар, сѐ на ЕДНО место

admin6 ноември, 20193min00
2

ноември, 2019

ONE HOSPITAL е отворена за секого, секој ден од годината, обезбедувајќи примарна и секундарна здравствена нега, како и врвна дијагностика во центарот на Тетово. Со речиси 100 вработени, од кои 20 доктори и преку 40 медицински сестри, ONE HOSPITAL претставува медицински центар кој се протега на 3000 м2 и нуди комплетни дијагностички и болнички услуги.

Со ONE HOSPITAL се поставува нов концепт на дијагностика и третман во областите на Општа Хирургија, Пластична и Реконструктивна Хирургија со Естетика, Ортопедија, Интерна Медицина со комплетен Ендоскопски и Колоноскопски пакет, Педијатрија, Неврологија, Урологија, Радиологија, Гинекологија, Стоматологија, Ортодонција и Орална Хирургија.

ONE HOSPITAL е опремена со ПЕТ/КТ скен, една од најпрецизните дијагностички методи на нашето време кој се користи во областа на онкологијата за детекција на тумори, одредување на стадиумите на на туморот и негово ширење, планирање радиотерапија, откривање како телото реагира на третманот и одредување дали туморот е малиген или бениген.

ONE HOSPITAL поседува и МРИ 1.5 Тесла уред кој обезбедува уште подетална и посигурна дијагноза на болеста. Одделот за радиологија поседува и апарат за повеќеслојна компјутерска томографија , Мамографија, Дезинтометрија на коски, Рендген, Ехо.

Одделот ONE ESTHETICS применува напредни процедури од светска класа, користејќи софистицирана и модерна опрема и технологија, а нашиот тим го водат врвни специјалисти со долгогодишно искуство. Ги нудиме следниве процедури: ботокс и филери, трансплантација на коса, дерматологија, отстранување на лузни, ласерска епилација, козметичка стоматологија, импланти, пластична и реконструктивна хирургија.

ONE HOSPITAL се разликува од останатите медицински центри по неколку важни аспекти и затоа претставува лидер во болничка терапија и третман.

Еве неколку причини зошто ONE HOSPITAL:

– Атмосферата во болницата е апсолутно пријателска и топла, така што со влегувањето во ONE HOSPITAL пациентите се чувствуваат сигурно и опуштено, што е од особена важност за одржување и градење на взаемната доверба.

– Поради ПЕТ КТ и МРИ 1.5 ONE HOSPITAL претставува еден од ретките медицински центри во регионот кој ја има најновата технологија за рано дијагностицирање и третман на тумори.

– Компетентен медицински персонал кој е комплетно фокусиран на пациентите: експертскиот тим на ONE HOSPITAL се состои од врвни доктори со искуство, знаење и ентузијазам да дијагностицираат и лекуваат широк спектар на здравствени проблеми и состојби со користење на светски докажани методи, опрема и технологија.

– Услугите на ONE HOSPITAL се достапни 24 часа во неделата, со удобност и хигиена на многу високо ниво според сите светски стандарди.

ONE HOSPITAL има свои поликлиники и во Скопје и Гостивар.

За компанијата

веб адреса: www.onehospital.mk

За повеќе информации, јавете се на 389 (0) 443444414

email: contact@onehospital.mk

или

моб.тел.:389 (0)78822777

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag