Овој природен рецепт е многу лесен за правење и исклучително здрав. Се пие по 1 лажичка секое утро.
Состојќи:
- 250 мл вода
- 6 лисја од ловор (свеж)
- 6 лажици кафеав шеќер (ако немате кафеав, може и бел)
- 1 лимон
Подготовка:
- Ставете ја водата во тенџере да зоврие и потоа додадете ги листовите од ловор. Гответе 10 минути. Го тргаме тенџерето и ги вадиме листовите. (Ја задржуваме водата).
- Во меѓувреме го ставаме шеќерот во стаклен сад или тегла и ја додаваме водата во која се вареа листовите. Мешаме додека не се растопи шеќерот.
- Откако ќе се растопи шеќерот го додаваме лимоновиот сок, чекаме да се олади и го ставаме во фрижидер
Дозирање: Секое утро пиеме по една лажичка.