Во услови на карантин, после паничното пиење на разни витамински таблеки, луѓето почнаа да прават разни коктели кои потоа ги постираа и разменуваа на социјалните мрежи. На овој начин си најдоа олеснување за полесно поминување во домашниот карантин…
Дали го знаете најновиот рецепт за карантин – новиот коктел што стана вирален хит, додека го поминуваме времето дома?
Рецептот е како што вие си го замислувате. Единствениот предуслов е да го направите дома додека сте во карантин.
Се започна како шега во САД, кога на социјалните мрежи се појавија илјадници хаштагови: #quarantin, вклучувајќи и една објавена од актерката Шерон Стоун на Твитер.
Првично, „специјалитетот на куќата“, било обично мартини, но наскоро почнаа да се појавуваат рецепти кои се комбинираат со џин и шумечи таблети витамин Ц, како и други додатоци.
Лекарите силно се побунија против овој вирален хит и предупредуваат дека мешањето на алкохол и додатоци од исхраната (како шумечите тамблети витамин Ц) во никој случај не е добра идеја, бидејќи може да биде штетно по здравјето на човекот.
Разновидните постирани коктели направени од моментално расположливите состојќи, можеби нема да помогнат за побрзо враќање во нормалниот живот, но сепак ќе ни ги оттргнат мислите од моменталната состојба.
Во прилог еден од рецептите од колекцијата на рецепти на Џејми Оливер: „Џејми дома“ (како да знаел дека ќе ни притреба ?). Припремете го и испијте го со некој што ви значи, преку видео повик.
Рецепт за (карантин) мартини од јагода:
- 2 шаки јагоди
- свежо нане
- 2 шаки мраз
- 150 мл џин или вотка
- сув вермут
1. Ставете чаша или две, заедно со шејќерот за коктели во замрзнувачот околу половина час.
2. Ставете неколку капки вермут во чаша и провртете ја.
3. На дното на чашата ставете неколку исечени јагоди.
4. Останатите јагоди ставете ги во шејкерот заедно со нането и здробете ги. Додадете го и претходно здробениот мраз и џин или вотка, протресете и истурете во чаша.
Наздравје!