Дали сте спреми за чоколадни-лешник коцки кои се топат во уста? ?))

popara7 април, 20202min00
cokoladni kocki

Чоколадо и лешник. Дали има подобара комбинација? Овие две состојки инаку ја прават наша омилена Нутела, но време е да ги запознаеме во малку поразлично светло. ?

Сочни, вкусни, чоколадни, неодоливи – има ли нешто повеќе што може да напишете за рецепт за коцки од лешник со чоколадо?

Чоколадните коцки со кои не можете да згрешите содржат кокосово брашно и темно чоколадо, така што не треба да се грижите за јадење само еден куп празни шеќери и многу калории. Овие здрави коцки можете да ги понудите, како на веганите, така и на ентузијастите и на оние кои внимаваат на тоа што јадат.

Темното чоколадо е докажано здраво. Тоа со висок процент на какао е најздраво. Ова чоколадо има позитивен ефект врз расположението, добро е за срцето и го регулира шеќерот, а содржи и многу антиоксиданти. Лешниците, од друга страна, се многу добар извор на минерали – манган, бакар, магнезиум фосфор и железо. Богати се со витамин Е, Б и фолна киселина.

А кога лешниците стануваат крем, на чекор сте до совршен рецепт!

Подготовката на овој рецепт ќе ви одземе околу 40 минути.

Состојки:

  • 200гр путер од лешник
  • 1 лажица какао во прав
  • 5 лажици сируп од урми
  • 2 лажици брашно од кокос
  • неколку сецкани лешници
  • прстофат цимет
  • бадемово млеко
  • 80гр темно чоколадо

Подготовка:

1. Во сад измешајте ги сите состојки освен чоколадото, а во случај мешавината да биде премногу густа, додадете малку бадемово млеко.

2. Истурете ја смесата во тавата за печење (без оглед на големината на тавата, бидејќи смесата е густа и лесна за обликување) и замрзнете ја 30 минути.

3. Смесата исечете ја на коцки, а од тоа што ќе ви остане можете да формирате мали топчиња за декорација.

4. Се топи чоколадата и се прелива преку секоја коцка

Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag