Домашен крем од лешник што ќе ве освои на првата пробана лажица ?

popara10 април, 20202min00
Domasna nutela

Откако ќе го подготвите овој фантастичен крем од лешник, нема враќање назад. ? На палачинки или леб, ќе го јадете скоро секој ден! Или едноставно ќе сркате дирекно со лажица …

Според веб-страницата Mental Floss, на секои 2,5 секунди, една тегла Нутела се продава некаде во светот. Ќе се согласиме дека Нутелата е најпродаваниот крем во светот, но што ако сами си ја направиме дома?

Малку здробени лешници, чоколадо и уште неколку состојки, ве одвојуваат од совршениот домашен крем од лешник, во кој можете да уживате или за појадок на парче леб или како вкусен десерт со палачинка!

Состојки:

  • 250 гр печени лешници
  • 40 гр какао во прав
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици масло од канола, кокос или сончогледово масло
  • 50 гр сецкано чоколадо (млечно или за готвење)

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Во сад за печење ставите хартија за печење и премачкајте ја со масло. Ставете ги лешниците. Печете 12 до 15 минути. По 10 минути, погледнете ги за да ја проверите нивната состојба.

2. Извадете ги од рерната и префрлете ги на чиста кујна крпа. Оставете ги да се изладат.

3. Кога ќе се изладат, нежно тријте ги со крпа за да ја отстраните лушпата.

4. Ставете ги во преработувач на храна или блендер додека лешниците не станат како фина смеса за намаз/крем, што може да трае 5 или повеќе минути, во зависност од јачината на блендерот.

5. Додадете шеќер во прав и какао во добиената мешавина. Повторно промешајте додека не се соединат сите состојки.

6. Потоа додајте го маслото и екстрактот од ванила и повторно измешајте додека не се соединат сите состојки и смесата не се изедначи.

7. Потоа додадете сол и вклучете го повторно блендерот 5 до 10 секунди.

8. Потоа додајте ги парчињата чоколади и миксирајте со блендерот или миксерот додека не имате компактна и мазна смеса. Ако не ви се допаѓа конзистентноста на смесата или ако имате грутки, додадете уште малку масло по ваш вкус. Не претерувајте затоа што во тој случај смесата ќе биде премногу ретка.

9. Добиениот крем префрлете го во чиста тегла и како ваков може да стои во фрижидер и до еден месец.

Наздравје!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma