Полесно отколку што изгледа: Рецепт за тирамису торта од палачинки

popara11 април, 20201min00
recept

Тортите од палачинки се идеален избор кога не сакате да ја вклучувате рерната. Најдобро од се е што не морате да се грижите и ако некоја се искине, бидејќи никој нема да забележи.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 300гр брашно
  • 600мл млеко
  • 50гр путер
  • 70гр темно чоколадо
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица инстант кафе
  • Прстофат сол

Крем:

  • 5 жолчки
  • 120гр шеќер
  • 500 гр маскарпоне сирење
  • 250 мл слатка павлака
  • 1 лажичка арома ванила

Подготовка:

1. Измешајте ги јајцата со шеќерот, потоа додадете сол, кафе, брашно и млеко и повторно измешајте.

2. Растопете го путерот и чоколадото и кога ќе се изладат малку промешајте во смесата.

3. Измешајте ги жолчките со шеќер и гответе ги на пареа околу 15 минути, со постојано мешање, па оставете да се изладат.

4. Пренесете ги жолчките во сад и измешајте со маскарпоне и арома ванила и кратко мешајте за да се соединат состојките.

5. Измешајте го кремот во шлаг и додајте го во сирењето со жолчките.

6. Направете малку подебели палачинки.  На секоја ставете лажица до две од смеса и преклопете ја со друга, додека не се потрошат состојките. Премачкајте ги страните на тортата со останатиот крем. По желба, декорирајте со какао.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag