Превкусна вечера: Пилешко полнето со моцарела, во сос од домати

popara2 јули, 20201min00
Pilesko vo sos od domati

Гурманско јадење кое ќе го обожавате!

Потребни состојки за три лица:

  • три пилешки филети
  • моцарела сирење – 100 грама
  • брашно 250 грама
  • шест изматени јајца
  • презла 230 грама
  • масло – една чаша (околу 200 мл)
  • пасирани домати 700 грама
  • пармезан 50 грама
  • две лажици свеж босилек
  • сол и бибер по вкус

Подготовка:

Посолете ги пилешките филети и исечете ги на средина со нож. Ставете моцарела и пармезан во средината и добро притиснете за да се затворат. Одделете го брашното, јајцата и презлата во три различни чинии. Пазејќи да не се отвори месото, натопете го пилешкото едно по едено во брашното, потоа во јајцата и на крај во презлата. Загрејте го маслото во тава на средна топлина и печете го пилешкото од двете страни додека не добијат златна боја. Загрејте ја рерната на 180°C. Во сад за печење, рамномерно распоредете 2/3 од сосот од домати и паспоредете го пилешкото. Истурете го остатокот од сосот преку месото. Печете околу 20 минути.

Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag