Една љубителка на Мекдоналдс рестораните споделила рецепт на Фејсбук за да можат и другите да уживаат во овој преубав пијалок.
Со оглед на тоа дека сите ресторани се затворени, а со тоа и Мекдоналдс, луѓето низ светот се обидуваат да ги копираат рецептите за нивните хамбургери, но и за кафето.
Една жена споделила рецепт на Фејсбук за кој тврди дека е подобар дури и од оригиналниот рецепт за мока фрапе Мек.
– Вкусот е ист, ако не и подобар- напишала на крај на рецептот.
Се што ви е потребно се две шолји ладно кафе, две шолји бадемово млеко, три и пол лажици чоколаден прелив, три и пол лажици шеќер, шлаг и чоколатца.
Начин на подготовка:
За почеток сварете го кафете и оставете го да се олади до собна температура. Следен чекор е кафето да го истурите во деловите за коцки мраз и да ги замрзнете.
Кога кафето ќе се замрзне, ставете ги коцките мраз во блендер заедно со бадемовото млеко, чоколадниот прелив и шеќерот.
Кога ќе ја добиете саканата структура, додадете го шлагот преку кој ќе ставите малку прелив и рендано чоколадо.