Утре се празнува Велика Сабота – ден пред големиот празник, Велигден.
Велика Сабота е истовремено и тажен, но и ден исполнет со радост. Исус Христос е погубен на Велики Петок, а неговите апостоли во сабота добиле дозвола да го симнат телото од крстот.
Иако Исус се уште не бил воскреснат, расположението на Велика Сабота е исполнето со чуда.
Велика Сабота е посветена на подготовките за Воскресението и чистењето на душата од гревови.
Како да се однесувате на Велика Сабота?
- Потребно е да се воздржите од клевети.
- Црквата не поддржува интимни контакти, па дури и помеѓу сопружниците.
- Малку црно вино дозволено е само на оние кои на Велики Петок имаат постено.
- Не се препорачува извршување на домашни работи, како и работа во градина.
- Не е дозволена мануелна работа, лов и риболов, како и жртвување на стока и живина.
- Одење на гробишта е само доколку е за чистење на гробови.
- Постењето е и понатаму задолжително. Вернниците пијат вода, а оброкот се состои од леб, овошје и зеленчук.
- За време на Велика Сабота важно е да се простува и да се бара прошка.
Најважно е дека на Велика Сабота (како и во текот на целиот велигнденски пост) да го поминеме во негување на нашата душа. Многу е важно да се почувствува низ што поминал Спасителот за луѓето и дека со воскреснувањето ќе се замени тагата со радост.