Без разлика дали ги сакате или не, сестрите Кардашијан знаат што значи да се биде сестра – и тоа добра.
Ким, Кортни, Клои, Кендал и Кајли се најпознатите сестри во светот, а ако сте гледале дури и една епизода од нивното реално шоу, за вас е јасно дека најважната работа во ова семејство е семејството.
Невозможно е да се замисли свет без Кардашијан и нивните дневни драми. Па колку и да се зборува за раскинување со момчињата и други драми што го исполнуваат нивниот свет, една работа е сигурна од почеток кога Кардашијан се појавија на малите екрани, па до денес – додека пријателствата и врските се минлива работа, семејството е секогаш тука. Сестрите го потврдија ова во бројни ситуации.
Ова се 5 најважни лекции за браќа и сестри кои можете да ги научите од семејството Кардашијан. Време е да започнете да ги применувате и на вашите сестри – бидејќи што и да мислите за ова семејство, тие секогаш се тука едни за други.
- Треба да бидеш тука за својата сестра без оглед на сè
Се чини малку логично дека е важно секогаш да бидете тука за вашите сестри и браќа, треба да им бидете поддршка и да ги сакате, сите го знаат ова и без Кардашијан, но она што тие го додадоа на оваа лекција е дека вие СЕКОГАШ треба да бидете тука за вашата сестра. Без разлика што се случува и колку се драматични или комплицирани ситуациите, страната што треба да ја завземете е онаа на која се наоѓа сестрата. Мајката Крис Џенер и некоја од сестрите секогаш се во првиот ред на модните ревии на Кендал, како главна поддршка. Да се биде поддршка на сестра во работите што ги прави е важно, само треба да бидете нејзин најголем фан.
- Дури и ако сте различни по карактер, сепак можете да бидете супер блиски
Една од работите што ги прави Кардашијан интересни е дека и покрај тоа што сите се едно исто семејство, тие се толку различни кога станува збор за карактерот. Секој од нив има своја личност, хоби и интерес, прави различни работи, има различен моден вкус … Секоја од нив е толку различена, но сепак се многу блиски. Секако, вие и вашата сестра не сте баш исти, понекогаш разликите се многу големи, но тоа не треба да претставува пречка за вашиот однос. Блискоста може да се постигне и покрај тоа што разликата во возраста е поголема меѓу вас, а на прв поглед се чини дека немате ништо заедничко. Сестрата секогаш ќе биде тука за да ви даде совет, да позајмите облека, да дојде на кино со вас кога ниту една другарка нема време …
- Кога давате совети едена на друга, бидете искрени и кажете сè што мислите без заобиколување
Заобиколувањето е беспотребно губење на енергија и време, особено кога станува збор за давање совети на вашата сестра. Колку и да е болна вистината, постои посебна врска помеѓу вас и сестрата која може да издржи сè. Иако вашата сестра можеби не е задоволна да слушне нешто и ќе биде тажна и повредена, таа ќе знае дека вие само и посакувате добро и дека сте во право, само затоа што сте сестри. И сестрите Кардашијан секогаш си делат совети една на друга и меѓусебно се потсетуваат на важноста на малите нешта во животот.
- Во ред е понекогаш да бидете лути или гневни една на друга
Кога вие и вашата сестра сте блиски, живеете заедно и поминувате повеќе време заедно, сосема е природно понекогаш да се скарате. Да се налутите една на друга и да не зборувате некое време не е невообичаено. Вие сте сестри и понекогаш тоа значи дека ќе си кажувате една на друга работи како „Ти си глупав“, „Ќе престанеш…“, „Ти си најлошата сестра на светот“ … но секако дека навистина не го мислите тоа и ова и двете многу добро го знаете.
- Кога сте заедно, секогаш биди своја
Твојата сестра го извлекува најдоброто од тебе. Кога си со неа, не треба да глумиш или да се претставуваш поинаку. Сестрата никогаш нема да те осуди за тоа што си или да те исмејува ако направиш нешто глупаво. Таа знае колку си супер личност и секогаш ќе те потсетува одново и одново. Ако сестрите Карадашијан нешто знаат, тогаш е тоа како да бидат тука една за друга и да се потсетуваат меѓусебно колку една за друга се важни во животот. Браќата и сестрите се луѓето со кои ќе бидете најблиски, затоа научете нешто добро и корисно од Кардашијан и искористете го во вашиот секојдневен живот.