Зошто јапонските деца никогаш не се непослушни: Совршено културни и смирени во секоја ситуација, благодарение на ова!

popara18 април, 20202min00
dete

Ова е тајната на совршено воспитаните јапонски деца.

Јапонија е неверојатна земја. Јапонците се вредни, упорни, дисциплинирани и нивната почит кон природата е позната ширум светот.

Нивниот метод на родителство треба да го копира секој родител на планетата, и еве зошто:

Луѓето кои доаѓаат на земјата на изгрејсонцето се изненадени од чудното разбирање помеѓу различните генерации Јапонци. Послушни и убави деца, соодветно однесување кон возрасните, покажување љубов кон бабите и дедовците, но без претерување…

Причината за ова е посебна традиција на одгледување деца, чии корени доаѓаат од далечното минато.

Пред многу векови, жените ги носеле своите деца со себе на нива, завиткани во корпа. Бидејќи морале да работат напорни физички работи, тие често ги носеле децата во тој импровизирана носилка на грбот и постојано им раскажувале што прават и како работат. Затоа, не е изненадувачки што децата знаат добро да зборуваат пред да проодат.

Japan to ban parents from physically punishing kids - GulfToday

Тајната за воспитување на јапонските деца

Бидејќи родителите зборуваат постојано со нив, им објаснуваат што прават и како работат, детето се чувствува вклучено во сите животни процеси (работа, одмори и прошетки), и затоа се развива побрзо и полесно.

Не е изненадување што јапонските жени се уште ги одгледуваат децата во согласност со оваа традиција. Каде и да оди мама, оди и детето.

Обично јапонските мајки седат дома со своето дете до третата година. Иако постојат градинки, се смета за срамно мало дете да се остави на чување на некој друг, па дури и баба и дедо. Кога детето има три години, мајката се враќа на работа, а детето оди во градинка.

Јапонските деца се научени да внимаваат на чувствата. Да се грижат за другите, животните, па дури и за предметите, како што се нивните играчки, итн.

Татковците исто така се многу вклучени во одгледувањето и воспитувањето на детето.

Јапонски правила на образование

Во Јапонија, децата добиваат големо внимание од родителите, прегратки, разговори, заеднички прошетки итн.

Мајките и татковците никогаш: не го подигаат тонот на разговор; не користат телесна казна.

Јапонците ги учат децата: да се однесуваат пристојно; да не ги вознемируваат другите со своето однесување; да се биде внимателен кон другите.

Јапонците можеби не викаат на своите деца, но тие ја изразуваат својата фрустрација со нивната гласовна интонација и поглед. Нивните деца точно препознаваат кога родителите се вознемирени од нивното однесување. Тогаш децата се чувствуваат виновни и веднаш го подобруваат своето однесување.

Inside the Japanese Town That Pays Cash for Kids | Pulitzer Center

Како што можете да видите, во Јапонија децата се „опсипани“ со љубов и грижата од своите родители, а уште од самото раѓање ги усвојуваат животните принципи на општеството. Се разбира, ова воспитување и образование е невообичаено за жителите на другите земји.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag