Ви пренесуваме три од најсовремените предјадења, со сигурност да изберете барем еден.
Полнети јајца
Состојки:
- 150 гр меко сирење
- 8 јајца
- 50 гр пченица бела
- 80 гр кисели краставички
- 100 гр мајонез
- 200 гр сенф
- сол
- бибер
- лисја од магдонос
- целер
- зелена салата
Подготовка:
Сварете ја пченицата во вода и оставете да се излади, а потоа исецете ја и исушете ја на платнена крпа. Сварете ги јајцата, исечете ги по должина и извадете ја жолчката.
Жолчките од јајцата помешајте ги заедно со кисели краставички, варена пченица и додадете лисја од магдонос и целер.
Додадете сенф и мајонез, па добро измешајте ги и наполнете ги половините од јајцата.
Полнетите јајца послушете ги на овален сад покриен со зелена салата, украсете по желба и сервирајте.
Солени бајадери
Состојќи:
- 500 гр пилешко бело месо
- 300 гр шунка
- 300 гр кашкавал
- 200 гр маринирани печурки
- 5 јајца
- 200 гр павлака
- 1 лажица масло
- 2 лажици брашно
- 10 гр прашок за пециво
- мешавина од зачини
Подготовка:
Месото сварете го во солена вода, исцедете, оставете да се излади и ситно исецкајте го. Исечете ја шунката, изрендајте го кашкавалот на крупно ренде и исечете ги печурките на парчиња.
Подмачкајте ја тавата за печење со големина приближно 30x20cm и посипете со брашно. Покријте го дното на тавата со вареното исецкано месо, а потоа ставете ги печурките, шунката и на крај ренданиот кашкавал.
Изматете ги јајцата и павлаката, додајте лажица брашно, прашок за пециво и зачинете по вкус.
Истурете ја изматената смеса над содржината во тавата. Одозгора ставете алуминиумска фолија.
Печете во загреана рерна на 200 ° C околу половина час, а потоа извадете ја фолијата и печете уште 15 минути. Оставете да се излади целосно, може и во фрижидер, за да може полесно да се исечат парчиња.
Шпанска салата
Состојки:
- 1 чаша кафеав ориз (може и бел)
- 4 тиквички, сецкани
- 2 главици кромид, сецкани
- 1 целер стап, сецкан
- 2 свежи домати
- 1 чаша зелени полнети маслинки
- 4 лажици маслиново масло
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажичка свеж босилек
- ¼ лажички суво оригано
Подготовка:
Сварете го оризот и оставете да се излади. Направете прелив од три лажички масло, сок од лимон и зачини. Пропржете го кромидот во остатокот од маслото и додајте го целерот, доматите и зелените маслинки кога кромидот ќе омекне.
Оставете го зеленчукот да се олади, а потоа измешајте го со оризот и посипете го со преливот. Добро измешајте и сервирајте.