Кога сакате за кратко време да спремите нешто слатко и освежувачко – ова е вистинскиот избор за вас!
Потребни состојки:
- Една слатка павлака
- Шеќер во прав по вкус
- Малини свежи или замрзнати 200 -250 грама
Подготовка:
Изматете ја со миксер слатката павлака, додадете шеќер во прав и малини. Матете додека смесата не биде компактна. Кремот распоредете го во чинии и оставете да отстои во фрижидер еден час пред да го сервирате. Можете да ги украсите порциите со една свежа малина и свеж лист од нане.