Среќата ќе затропа на вашата врата наскоро…
Мантрата не е волшебно стапче кое ги исполнува сите наши желби, но овие зборови можат значително да го променат текот на животот.
Кога ќе се фокусираме на нешто во животот, тоа можеме да го оствариме. Начинот на однесување кога ќе се најдете во непредвидени околности, одредува дали ќе бидете херој или жртва на сопствениот живот. Овие зборови ќе ви помогнат во тешки моменти, ќе ве натераат да гледате во реалноста од друг агол и да го започнете животот за кој отсекогаш сте сонувале.
Јас сум херојот на својот живот
Секој ден со себе носи непредвидени околности. Разочарување, лоши вести или што било друго може да ви се случи. Важно е да одлучите како ќе одговорите на сето ова.
Ако одговорите на секој проблем велејќи: „ Јас сум херојот на својот живот“, испраќате порака на вашата потсвест дека сте ментално силни.
Да одлучите да бидете херој на вашиот живот значи да си поставите вистинско прашање кога ќе се појават проблеми. Запрашајте се што можете да направите околу тоа, наместо да се сожалувате или обвинувате некој друг.
Оваа мантра треба да ве потсети дека изборот зависи само од вас. Среќата, успехот или неуспехот се наш избор. Можете да направите се што сакате, но пред сè, треба да си дадете позитивна мисла.
Имам доволно од сè
Бидете благодарни за она што во моментот го поседувате и држете се на цврста желба да успеете и да бидете материјално стабилни. Прифаќањето на богатството што е околу вас, го буди заспаното богатство во вас.
Ако постојано го чувствувате богатството, работите сигурно ќе ви дојдат. Богатството им доаѓа само на оние кои се благодарни за сè што имаат во моментот.
Тоа е универзален закон. И богатството и недостигот се внатрешни состојби кои се манифестираат во форма на вашата реалност. Подарувајте го она што го немате, за да го добиете.
Ќе дозволам да ми се случуваат многу добри работи
Ако останеме отворени, универзумот е полн со енергија која само чека да протече низ нас. Сè што треба да направиме е да бидеме духовно отворени.
Колку повеќе ќе се отвориме кон позитивна енергија и духовно изобилство, толку посреќни ќе бидеме.
Нема да ги поистоветувам негативните мисли со срам
Речиси да не постојат луѓе кои никогаш не почувствувале гнев, љубомора, беда или гнев во својот живот. Кога ги имаме овие негативни чувства, важно е да ги препознаеме, да ги разбереме и да работиме на нив, наместо да бегаме од нив. Сепак, важно и на себе да си простиме и за овие чувства. Внатрешниот срам е исто толку штетен за свеста, како и надворешниот гнев што го чувствуваме.