Тешко е само по изгледот на Џ.Ло да заклучите дека оваа пејачка, актерка, модна дизајнерка, продуцентка…има веќе педесет години! А за тоа може да му се заблагодари на нејзиното тело, внимателното вежбање и правилната, здрава исхрана. Иако признава дека понекогаш знае да изеде бургер или нешто друго калорично, згодната латина и тоа како внимава што јаде и што им готви на своите дома. Вкусен и здрав рецепт е за балзамирани пилешки гради, кои ги обожаваат и нејзините деца, близнаците Ема и Макс.
Балзамирани пилешки гради
4 стекови од пилешки гради
2 компира и 1 корен од магдонос
1 кромид, исечкан на четвртини
1 лажица маслиново масло
Сол, бибер
¼ оцет балзамико
¼ јаворов сируп
1 лажица кафеав шеќер
Измешајте ги сите состојки за маринадата, па прелијте преку пилешкото. Држете го во маринада барем половина час, или преку ноќ во фрижидер. Рерната загрејте ја на 200 степени. Зеленчукот измешајте го со рузмаринот, маслиновото масло, сол и бибер и во еден слој ставете го во тава за печење. Печете 30 минути. Потоа превртете го зеленчукот и врз него ставете го маринираното пилешко кое е посолено со малку сол и бибер. Печете уште половина час. Можете да додадете и друг сезонски зеленчук.