Едноставен и здрав рецепт за појадок со малку јаглени хидрати што е супер за оние кои се на кето или хроно исхрана.
Овој омлет од туна е одличен кога ви треба брз појадок за себе и за вашето семејство. Само 15 минути се доволни за да се подготви. Ако дури и тоа не е доволно кратко за вас, вечерта пред појадокот можете да ја подготвите туната, пиперките и крем сирењето, а следното утро ќе ви биде потребно само да ги вклучите јајцата.
Доколку сакате, додадете домати, печурки, сирење или друга храна што сакате да ја вклучите во вашето мени.
Потребни состојки:
1/2 црвена пиперка
1/2 зелена пиперка
масло
50 гр конзервирана туна
2 лажици крем сирење
6 големи јајца
сол, бибер
пиперчиња или млад кромид за украсување
Подготовка
Додадете малку масло и гответе ги на средна топлина црвената и зелената пиперка, додека не омекнат, околу 3 минути. Потоа тргнете ги од огнот. Во сад со средна големина, измешајте ги заедно пиперките, туната и крем сирењето. Откако убаво ќе се соединат повторно пропржете уште некоја минута. На крај додадете ги јајцата. Вашиот појадок е спремен. Може да декорирате. И секако сол и бибер ставате по желба.