
Авокадото е супер храна која ја прави нашата кожа помлада и нашето срце посилно, затоа ви предлагаме да го приготвите овој здрав и вкусен намаз за вашиот омилен леб за појадок или лесна вечера …
1 авокадо
25 гр пињоли
3 лажици сок од лимон
100 гр свежо сирење
сол
бибер
Излупете го авокадото, потоа исецкајте и изгмечете го со лажица сок од лимон. Во блендер, мелете пињоли, авокадо и свежо сирење. Додадете го остатокот од сокот од лимон и зачинете со сол и бибер. Ако сакате, можете да додадете маслиново масло и лута пиперка во овој сос. Кога имате убава густа смеса, покријте ја со фолија и ставете во фрижидер за да го задржите сосот да се излади. Служете со тост леб.