Секое куче треба да грицне нешто, нели? А некогаш дури и сопствениците на кучиња огладнуваат додека уживаат во долгите заеднички прошетки. Домашното печено пилешко е вкусна и здрава ужинка, а овој рецепт е неодолив и за кучињата и за луѓето. Лесно маринирани со путер од кикиритки и малку соја сос, овие грицки се совршено мезе за вашиот омилен крзнен пријател.
Состојки
1. 500 грама пилешки гради
1 лажица путер од кикиритки
1/4 лажица соја сос
Подготовка
1. Загрејте ја рерната
2. Отстранете ги сите масни делови и парчиња коски од градите и исушете ги со крпа.
3. Измешајте го путерот од кикиритки и соја сосот кои ја прават маринадата. Додадете и една лажица вода за да направите мазна паста. Натопете го пилешкото во маринадата и оставете го во фрижидер 1 час. Благо оладеното пилешко месо се сече поубаво.
4. Извадете го пилешкото од фрижидер и исечете го на што е можно потенки парчиња.
5. Наредете ги парчињата пилешко на хартија за печење. Ставете ги во рерна и оставете ги да се печат 2 часа.
6. Вашето мезе е готово! Откако ќе се олади, пресечете ги парчињата на помали залчиња или оставете ги така за поголема сочност. Складирајте ги во сад што се затвора и имате посластица за еден месец. А пилешкото е тотално во ред и за луѓе. Има малку маснотии, додека пак изобилува со протеини.