На почетокот на карантинот, на многумина од нас им беше тешко да се помират со животниот стил со кој живеевме до неодамна, а во новата ситуација да пронајдеме активности што ќе нè направат среќни и ќе создадат чувство на корисност. Така многумина одлучија да го искористат овој период за промена на нездравите навики, што на крајот треба да резултира со посакуваниот број на вагата, па со таа цел во продолжение издвоивме рецепт кој ќе ви биде од голема корист во ова време!
Состојки:
– 10 грама крем сирење
– 3 јајца
– половина лажичка прашок за пециво
– прстофат сол
– хартија за печење
Подготовка:
За почеток, одделете ги белките и жолчките од јајцата и во садот со белките, додајте малку сол и изматете ги со миксер. Во друг сад ставете ги жолчките, намазот и прашокот за пециво и добро измиксирајте додека смесата не се изедначи рамномерно. Понатаму, во добиената смеса постепено додавајте ја мешавината од белки и полека промешајте. На хартијата за печење, со лажица ставете ја смесата, но со доволно простор за подоцна да се формира пециво. Загрејте ја рерната на 150 степени целзиусови и печете околу 25 минути!