Идеја за скара: на ражничот ставете нешто невообичаено!
Викендов е идеален за експериментирање со скарата. Доколку немате двор, скарата можете да ја подготвите на вашата тераса. Освежете го стандардното мени со овие сочни ражничи…
Состојки:
– 100 гр јогурт (3,5 % масленост)
– 1 лажица маслиново масло
– 2 лажици сок од лимон
– 1 лажица сушено оригано
– 1 лажица сушена мајчина душица
– 1 лажица мед
– сол и бибер
– 300 гр филе од пилешки гради
– ¼ ананас
– 1 главица црвен кромид
– ½ зелена пиперка
– ½ црвена пиперка
За сос:
– 1 млад кромид
– 200 гр полномасно свежо сирење
– 4 лажици млеко (3,8% масленост)
– 2 лажици сок од лимон
– 1 лажица кари
– сол и бибер
Подготовка:
1. За ражничот најпрво помешајте ги јогуртот, маслото, сокот од лимон, ориганото, мајчината душица и медот и зачинте ги со сол и бибер.
2. Потоа исечете го пилешкото на коцки и ставете ги во садот со маринадата. Поклопете го садот и оставете го во фрижидер најмалку 2 часа.
3. Во меѓувреме излупете ги ананасот и кромидот, исчистете ги пиперките и исечете ги сите на парчиња.
4. За сосот измијте го младиот кромид и исечете го на кругови. Измешајте ги сите состојки за сосот и зачинете со сол и бибер.
5. Запалете ја скарата.
6. Наизменично на стапчињата набодувајте пилешко, пиперка, ананас и кромид и печете ги на скара 3-4 минути со повремено вртење.
7. Послужете ги ражничите со сосот од кари и уживајте!