Ултра брз десерт! Шарен ролат кој ќе го обожавате!

popara5 мај, 20201min00
rolat

Покрај тоа што изгледа феноменално, исто така ќе ве маѓепса со вкусот.

Потребни состојки:

  • 4 јајца,
  • 80 гр брашно,
  • малку прашок за пециво,
  • 40-50 мл масло,
  • 50-100 гр шеќер,
  • 50 мл млеко,
  • 1 лажица какао во прав

Фил:

  • 1 пудинг од слатка павлака,
  • 1 ванилин шеќер,
  • 300 мл млеко,
  • 50 гр маргарин,
  • 1 лажица шеќер во прав

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и додадете го брашното со прашок за пециво, масло, млеко и рамномерно изедначете. Поделете на половина. Додадете какао на едниот дел, па добро соединете. Покријте ја тавата со хартија за печење, а потоа истурете го светлиот дел, па израмнете.

Одозгора додадете го темниот дел во млазови и полека израмнете. Со долниот дел на лажицата, прво повлечете по дното, а потоа нагоре и на крај протресете. Печете на 190 степени околу 15-20 минути.

Извадете го печениот ролат на даска, замотајте го во ролна и оставете да се излади. Изматете го маргаринот со шеќер во прав. Подготвениот пудинг, засладете го по желба и кога ќе се излади помешајте со изматениот маргарин.

Премачкајте го ролатот и повторно замотајте го во ролна. По 2-3 часа е спремен за послужување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag