Состојки:
300 гр чоколадни мусли
150 гр бело чоколадо
100 гр путер
2 лажици какао
Подготовка:
Иситнете ги муслите со сукало.
Стопете го путерот во чоколадото и додадете ја смесата во муслите. Додадете го и какаото и измешајте ја целата смеса убаво.
Потоа оставете ја смесата во фрижидер да се олади и стегне, па направете бомбици. Декорирајте ги по желба
На здравје!