Сите состојки можете да ги најдете во вашата кујна
Потребно е:
- 1/2 литар млеко
- 1 лажичка шеќер
- 50 гр квасец
- 2,5 дл масло
- 2 лажички сол
- 1 кг брашно
- 1 јајце
- сусам или ким
За полнење:
- шунка
- сирење
- кечап
Подготовка:
Ставете шеќер и квасец во топло млеко. Кога ќе нарасне квасецот, измешајте го со масло и сол и додадете брашно. Изматете го тестото и оставете го да отстои 1 час. Потоа, поделете го тестото на 4-5 еднакви делови.
Измесете го тестото и исечете го во триаголници, а потоа ставете ги состојките за полнење.
Премачкајте ги мафините со јајце, посипете сусам и печете ги на 200Ц.