Крем Бруле потекнува од француската кујна и е еден од најпопуларните десерти во светот. Жолчки од јајца, слатка павлака, млеко, ванила стапче и кафеав шеќер се сè што ви треба за да уживате во овој десерт – да, но само ако го направите на класичен начин.
Состојки за десерт од ванила:
- 450 мл сладолед од ванила
- 1 жолчка од јајце
- 1 лажица шеќер (по желба)
Подготовка:
- Поставете ја рерната на 160 Целзиусови степени и ставете плиток сад за печење со 5 см вода внатре.
- Стопете го сладоледот во микробранова печка или на пареа и промешајте ја жолчката
- Истурете ја смесата во рамекин (керамичка чинија) и оставете го во рерната 45 минути.
- Извадете го садот од рерната и оставете да се излади. Потоа ставете го во фрижидер три часа.
Совет: Доколку сакате, загрејте една лажица шеќер за да направите прелив. Кога шеќерот се растопи внимателно, но брзо истурете го преку десертот пред да се зацврсти шеќерот. Бидете особено внимателни да не се изгорете и да спречите несреќи во кујната. Наместо карамел, можете да додадете овошје, овошен сируп или џем.