Едноставен џем од јагоди по рецепт на Никол Кидман

popara18 мај, 20201min00
nikol

Оскаровката и грижлива мајка Никол Кидман на своите ќерки им приредила вистинска англиска чајанка. Таа ги послужила со традиционалните работи за послужување- од минијатурни сендвичи до домашни печива со домашен џем од јагоди.

На овој начин Никол го подготвила џемот на кој е тешко да му одолеете.

Состојки

1 кг домашни јагоди

750 гр шеќер

сок од еден лимон

Подготовка

Измијте ги јагодите и исушете ги со кујнска хартија. Извадете им ги дршките. Потоа преполовете ги. Ставете ги јагодите во поголем сад и пасирајте ги со шеќерот. Оставете ги да стојат на собна температура преку ноќ. Шеќерот на тој начин ќе се растопи пдобро, а овошјето нема да се распадне за време на готвењето и ќе ја задржи бојата. Истурете ја мешавината од јагоди и шеќер во тенџере и додадете го лимоновиот сок.

Загревајте на слаба температура. Ако на страна на тенџерето почне да кристализира шеќерот потопете четка во врела вода, онаа која ја користите за премачкување на тесто и соберете го кристализираниот шеќер со неа. Кога веќе нема да има шеќерни кристали, зголемете ја температурата и оставете да зоврие. Нека врие силно 5 до 10 минути додека не се постигне температура од 105 степени. Со лажичка соберете ја сета пена која се наталожила на врвот на тенџерето. Оставете да отстои 15 минути, па ставете го џемот во стерилизирани тегли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma