Состојки:
– 3 јајца
– 3 дл млеко
– вода по потреба
– брашно
– масло и малку сол
За фил е потребно:
-150 гр ореви
– 150 гр шеќер
– 4 јајца
-1 дл бело вино
– 8 лажици шеќер
Изматете ја смесата за палачинки и направете ги на стандарден начин. Исфилувајте ги со ореви и шеќер и преклопете ги на четвртина.
Шато подгответе го на овој начин:
Со мискер изматете белки со шеќер.Во посебен сад ставете вода да врие, а на пареата изматете бело вино, жолчки и шеќер додека не се згуснат. Додадете ги и изматените белки со кремот од жолчки и промешајте добро. Прелијте преку палачинките, изладете и послужете.