Рецепт злато вреден! Мисиркино со печурки и спанаќ!

popara23 мај, 20201min00
мисиркино

Состојки:

700 гр мисиркино филе

Поголема главица кромид

400 гр шампињони

Чешне лук

Лажица пармезан

100 гр путер

200 гр спанаќ

Малку босилок

Сол, бибер

Подготовка:

Во поголема тава загрејте половина од путерот и испржете го исечканиот кромид. Кога ќе омекне додадете го лукот и мешајте уште 1-2 минути. Потоа ставете ги печурките исечкани на листови и динстајте со мешање додека печурките не омекнат и додека не испари вишокот течност.

Додадете го спанаќот, па тргнете од оган, ставете го и пармезанот и изладете.

Филето од мисирка исечете го на четири шницли, па истолчете ги со толчник за месо. На секоја шницла ставете од смесата од печурки, па завиткајте ги и прицврстете ги со месарски конец.

Ставете ги шницлите во намачкан огноотпорен сад, прелијте ги со сотанатиот растопен путер и печете ги во рерна на 200 степени околу 35-40 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma