Од намирници што ги имате во вашиот дом!
Многумина од вас се двоумат како да ја чистат рерната, а сепак да не користат тешки хемикалии. Подолу можете да прочитате како да направите средство за домаќинство.
Потребни состојки:
– Кора од 2 портокали, кора од лимон, рузмарин, 1 тегла оцет и повеќе сода бикарбона
Во чиста тегла ставете кора од лимон и портокал, додајте гранче рузмарин, потоа истурете оцет, затворете ја теглата и оставете ја да отстои 5 дена. Потоа исцедете и течноста истурете ја во шише.
Посипете ја рерната со сода бикарбона и попрскајте со производот. Оставете да отстои 20 минути, а потоа исчистете. Тестиран рецепт кој ги отстранува дури и најтврдокорните дамки.