Без сомнеж, изработката на домашен сок од бозел е одличен начин да се искористат цветовите од оваа билка, но за оние кои сакаат да испробаат нешто поинакво, џинот со вкус на бозел е еднакво добар и необичен напиток.
Состојки:
- Шест до осум свежо набрани цветови бозел
- Eдна изрендана кора од лимон
- Една лажица шеќер во прав
- 500 милилитри џин
Подготовка:
Добро протресете ги цветовите бозел, за да бидете сигурни дека во нив нема залутани инсекти, а потоа ставете ги во длабок сад. Додајте ја изренданата лимонова кора, шеќерот во прав и џинот. Потоа, прекријте го садот и оставете го да отстои 24 часа. Со помош на филтер – хартија за кафе, газа или нешто слично, процедете ја течноста и префрлете ја во чисто шише.
Пијалокот може да го послужите во комбинација со тоник и многу мраз.
Уживајте!