Торта со овошен јогурт

popara2 ноември, 20121min00
ovosna torta

Потребни состојки:

  • пакување пишкоти
  • филџан сварено силно кафе
  • рум
  • 100мл слатка павлака
  • 200гр овошен јогурт од јагоди
  • 100гр шеќер
  • 300гр јагоди (малини или капини)
  • 100гр чоколадо за готвење
  • Пола лажица масло

Начин на подготовка:

Пишкотите натопете ги во изладено сварено црно кафе во кое сте додале 3-4 капки екстракт од рум. Обложете ја чинијата со фолија, на дното и од страните наредете ги пишкотите и филувајте.

Фил: Во длабок сад истурете ја слатката павлака, овошниот јогурт,шеќер и сецкано овошје и сите заедно матете ги со миксер за смесата да се изедначи.

Истурете во садот обложен со пишкотите, брз филот одново наредете пишкоти и ставете во замрзнувач некое време. Замрзнатата торта ставете ја во голема чинија и прелијте ја со растопено чоколадо.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag