Крем супа од целер и јаболка: Лесна и здрава летна супа која ќе ве освежи!

popara4 јуни, 20201min00
супа

Лесна и вкусна супа која ќе ја обожавате ова лето

Состојки:

  • 1 мал корен од целер
  • 3 црвени јаболка
  • 1 поголема главица кромид
  • 1 лажица путер
  • 2 дл павлака за готвење
  • Сол, бибер – по вкус
  • Мајчина душица
  • 30 грама печени лешници

Подготовка: 

Излупете и исечети ги на коцки јаболката, целерот и кромидот. Загрејте го путерот па додадете кромид, испржете го кратко и додадете ги целерот и јаболката. Оствете ги неколку минути, додадете сол, бибер и мајчина душица, а потоа додадете вода за да се впие.

Гответе над тивок оган околу 30 минути. Измешајте го тенџерето со дрвена лажица, а потоа додадете ја павлаката за готвење и оставете да зоврие. Тргнете ја настрана и додадете го ситно исецканиот лист од целер.

Украсете ја супата со малку мелени лешници.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag