Потребни состојки
За кора:
250 гр суви бисквити
115 гр стопен путер
Крем од лимон:
250 гр масно крем сирење
240 мл засладено кондензирано млеко
120 мл (1/2 чаша) сок од лимон, свежо исцеден ( 3, 4 лимони)
240 мл (шолја) слатка павлака
Бел крем:
240 мл шлаг
Кора од лимон изрендана за украсување
Подготовка
Изгмечете ги или сомелете ги бисквитите и додадете го стопениот путер и измешајте и притиснете во кружен калап. Ставете го во фрижидер. Измешајте крем сирење, млеко и сок од лимон на средна брзина. Додадете го кремот и измешајте уште 4,5 минути додека не добиете кремаста текстура. Истурете го кремот преку кората и вратете го во фрижидер најмалку 6 часа, по можност преку ноќ. Пред сервирање, измешајте го шлаг кремот ставете го над питата и гарнирајте со кора од лимон.