Многу луѓе не можат да го замислат утрото без шолја кафе, подготвувајќи се така за обврските што ги чекаат во текот на денот.
Но, според научниците, консумирањето на овој пијалок веднаш по будењето може да има лош ефект врз организмот.
Имено, хормонот на стрес кортизол ја зголемува будноста и концентрацијата, го регулира метаболизмот, имунитетот и крвниот притисок. Се зголемува 30 до 45 минути откако ќе станеме од кревет, и продолжува да опаѓа во текот на денот.
Експертите советуваат да пиете кафе кога нивото на кортизол е пониско. Поточно, ако станете во 6:30 часот по полноќ, тогаш првото кафе треба да биде помеѓу 9:30 часот и 11:30 часот наутро..
Друга причина што кафето во раните утрински часови не е добро е фактот дека кофеинот може да го зголеми нивото на кортизол.
Сепак, нема долгорочни студии кои ги разгледале здравствените последици од покачен кортизол како резултат на конзумирање на кафе.
Значи, ако консумирате кафе во време кога кортизолот е на врвот, можете дополнително да го зголемите нивото на овој хормон, а со тоа да го уништите вашиот имунитет и да предизвикате здравствени проблеми.
Ако сакате да го зголемите енергетското ниво пред тренинг, Healthline ве советува да пиете кафе 30-60 минути пред вежбање. Од друга страна, кафето може да предизвика вознемиреност и да ви го наруши сонот. За да го избегнете ова нарушување, не пијте кафе шест часа пред спиење.
Колку кофеин се препорачува да се пие дневно?
Експертите велат дека идеална количина е 400 милиграми кофеин, поточно, четири шолји кафе. Бремените жени и доилки се препорачуваат од 200 до 300 милиграми на ден.