Подобра од cheesecake: брза и лесна торта со малини и јогурт

popara14 јули, 20201min00
61903547-torta-maline

Овој освежителен летен десерт би можел да ги израдува љубителите на чизкејк. Тортата со јогурт и малини е сочна и вкусна и многу лесна за подготовка.

СОСТОЈКИ ЗА ТОРТАТА

  • 3 цврсти јогурти (приближно 6 dcl)
  • 120 гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 ливчиња желатин
  • 2 пакувања хопла (приближно 4 dcl)
  • 2 мерки малини (помеѓу 400 и 500 грама)

ПОДГОТОВКА ЗА ТОРТАТА

  1. Измешајте го јогуртот и шеќерот.
  2. Подгответе го желатинот според упатствата и додајте го во јогуртот.
  3. Измешајтебго шлаг кремот со миксер, додајте го во кремот и сè добро измешајте.
  4. Ставете ги малините во саканиот калап, истурете го кремот над нив и ставетего садот во фрижидер преку ноќ.

СОВЕТ:

Малините можете да ги ставите и на класична подлога за чизкејк пред да го истурите кремот над нив. За основата ќе ви требаат:

  • 125 гр стопен путер
  • 250 гр крцкави бисквити
  • 2 лажици кафеав шеќер

Изрендајте бисквити и измешајте ги со шеќер и цимет и додадете го стопениот путер. Стиснете ја смесата во калап со дијаметар од 26 см и печете 3 до 5 минути на 180 степени Целзиусови. Наредете свежи малини на врвот на оладената торта.

Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma