Состојки:
10 јајца
1/2 литар млеко
2 лажички сенф
2 лажички сушена мајчина душичка,
1 лажичка лук во прав
малку сол и бибер
4 чаши леб сечен на коцки
250g сецкана шунка
250g рендан кашкавал
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги јајцата во голема чинија, додадете млеко, сенф, мајчина душица, лук, сол и бибер. Претходно премачкајте го садот за печење со масло или путер. Додадете го исецканиот леб, потоа ставете ја шунката и ренданиот кашкавал и истурете ја смесата од јајца и зачини. Печете околу 45 минути. Откако ќе се испече, се сече и се сервира.